сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 112
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски ќе ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Кисела Вода

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ бара избори на крајот на летото, тогаш е најбезбедно за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ бара избори на крајот на летото, тогаш е најбезбедно за граѓаните

Крајот на летото е периодот предложен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски на лидерската средба како најпогоден за оддржување за избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека овој период е предложен како најмалку опасен по здравјето на граѓаните и очекуваното стабилизирање на корона кризата до тогаш.

Со овој датум се избегнува стравувањето од нов бран од корона бидејќи сите најави се дека тоа ќе се случи почетокот на зимата, или доцна есен што го потврдува и Светската Здравствена Организација.

Како што дознаваме, крајот на летото е период кога најголемиот дел од луѓето се во земјава со што е присутна и можноста за кредибилни избори со висока излезност. Воедно ќе се има и појасна слика за ризиците и состојбата со короната во државата, а ДИК ќе има време за организирање на изборен процес кој ќе обезбеди заштита на здравјето на граѓаните.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ јасно става до знаење дека не бега од избори на кои е фаворит, но воедно се грижи за здравјето на граѓаните.

Од друга страна видливо е на моменти нервозното однесување на Заев и пресметката за брзи избори со дваесетина посто излезност и огромен број на жртви во услови кога сеуште има двоцифрени бројки на ново заразени.

Најнови вести

Парламентарни избори 2020