понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 52
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев

Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека од фрапантната аудио снимка направена при апсењето на Стефан Калошев се слуша како полицискиот службеник го малтретира, тепа и пцуе.

-Ваквиот однос на МВР на Спасовски со протестантите е доказ дека се работи за наредба и нарачка на Заев у Спасовски. Кога полициските службеници беа прашани има ли основ за уапсењето, одговорот беше сигурно има, ова можеа да го слушнат сите од снимките кои беа емитувани во медиумите. Ова е доказ дека Заев и Спасовски ги ставиле во неблагодарна положба и полициските службеници кои морале да ги извршуваат нивните нарачки. Тоа што МВР молчи е обид за стишување на скандалот. Поднесена е претставка до Одделот за внатрешна контрола во МВР и очекуваме санкција и извинување. ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, а ниту народот се плаши. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е, се наведува во соопштението на партијата.

ЕУРО 2020

Македонија