сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 46
Во живо

Прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето на директорот на Централниот регистар е дефокусирање на јавноста додека трае рекетот и наместените тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето на директорот на Централниот регистар е дефокусирање на јавноста додека трае рекетот и наместените тендери

Познато е секогаш кога има огромен скандал во јавноста Зоран Заев и државната мафија прават злоупотреби на институциите и системот, а во овој случај тоа е само и само Кики и Фрики и Зоки Поки да останат на слобода, ова денеска го одговорија од ВМРО-ДПМНЕ во врска со новинарско прашање за нивен став за апсењето на поранешниот прв човек на Централниот регистар Андреа Поповски.

-Заев нарачува апсење, опозициски поранешни функционери додека тече рекетот и наместените тендери се извинуваат до небо и мора да има апсење за дефокусирање на јавноста, велат од партијата.

Тие додаваат дека тоа е тажната приказна за правото и правдината во Македонија и затоа Македонија тоне се подлабоко на сите листи за демократско уредување и сите листи кои што ги мерат аспектите на една правна држава.

-Часовникот отчукува ќе дојде време кога сите ќе одговараат за своите злоупотреби и зло дела, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.