среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 104
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ако немало никаков напад, зошто Спасовски и директорот на БЈБ се сретнаа со полицајката?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако немало никаков напад, зошто Спасовски и директорот на БЈБ се сретнаа со полицајката?

Срамен е начинот на кој што СДСМ ги потценува граѓаните. Вчера јавноста беше сведок на настан во кој што целиот врв на Министерството за внатрешни работи ја повика полициската службеничка на состанок, за да им претстават на граѓаните дека таа не била повредена од партиски функционер, туку сама се повредила вршејќи ги службените задачи, реагира ВМРО ДПМНЕ на вчерашната вест дека полицајката Јаначковска сама се повредила удирајќи се со левата рака во специјалното возило „пајак“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека са не беше трагична, ќе беше смешна верзијата дека пајакот ја повредил.

– Несфатливо е зошто министерот, државниот секретар и директорот на бирото за јавна безбедност остваруваа средби со полицајката доколку навистина немало никаков напад и доколку без причина полицајката барала помош во градската општа болница? Зошто доколку не постои никаков случај и доколку нема намера да биде заштитен некој партиски моќник, Спасовски, Велковски и Несторовска не се посветија на откривање на насилникот што избоде момче на Рекорд. Патем, насилникот е уште на слобода. Подобро е Спасовски да не се обидува да ја манипулира јавноста дека и овој инцидент не се случил. Манипулациите на Оливер Спасовски веќе не поминуваат,  велат од ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус