среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Царовска водеше грижа немаше да го укине додатокот за трето дете и немаше да ги дискриминира вработените во градинките

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Царовска водеше грижа немаше да го укине додатокот за трето дете и немаше да ги дискриминира вработените во градинките

СДСМ преку партиски соопштенија и лажни мерки ја дефокусира јавноста. Време е Царовска наместо да се фали, да каже за кои новотоворени објекти станува збор и колкав е опфатот на деца, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Царовска како министер до сега не покажа грижа за децата. Ако Царовска водеше грижа за децата, немаше да го укине додатокот за трето дете. Ако Царовска водеше грижа за вработениот кадар во градинките, немаше да ги дискриминира вработените во овие установи, стои во реакцијата и се додава:

„Ова е доказ дека Царовска како нејзиниот ментор Заев милува да шири лажни вести. Ова е уште една од низа причини зошто владата на Зоран Заев треба да си замине и да се распишат предвремени парламентарни избори“.

Коронавирус