недела, 20. септември 2020. Вести денес: 92
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: 8.500 предмети за туѓа нега чекаат во фиока поради неспособноста на Царовска и Шкријељ

ВМРО-ДПМНЕ: 8.500 предмети за туѓа нега чекаат во фиока поради неспособноста на Царовска и Шкријељ

Кога некој е фатен како лаже и прави измами се однесува како денес СДСМ. 8.500 предмети за туѓа нега чекаат во фиока поради неспособноста на Царовска и Шкријељ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Борче Божиновски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквото закочување на предметите го потврдуваат и самите служби во министерството.

-СДСМ не направи ништо суштинско за социјалната грижа, освен непочитување на роковите што сами ги донеле. Децата по улиците, питачите, семејното насилство, луѓето кои не можат да си ги остварат своите права кои произлегуваат од социјалните права кои ги гарантира државата се доказ за нефункционалниот систем на СДСМ. Зоран Заев и СДСМ лажат и манипулираат. Тоа време заврши. По 12-ти април следува обнова и граѓаните ќе можат непречено да си ги остварат своите права, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус