четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 105
home Вести

ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА КАЈ ПАЦИЕНТКА ОД ДЕБАР- меѓу заразените и 15 годишно момче!

ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА КАЈ ПАЦИЕНТКА ОД ДЕБАР- меѓу заразените и 15 годишно момче!

Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција на која ги изнесе новите информации поврзани со коронавирусот, во моментов вкупната бројка за заболени, со се новите четири лица од Дебар, кои денеска ќе пристигнат на Инфективна, ќе биде 12.

-Ги чекаме од Дебар да пристигнат новите 4 пациенти, првата пациентка во понедленик ќе си замине од Инфективна болница. Кај едната пациентка од Дебар е влошена состојбата и е поставена на машина за дишење. Од четирите нови пациенти едно е 15 –годишно момче, сите имаат лесна форма на болеста- рече Филипче.

Во овој момент се тестираат седум лица, шест се од Дебар, рече Филипче, се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола.

-Непосредно пред оваа прс-конференција двајца наши државјани кои патувале за Шпанија се јавиле со покачена температура и кај нив ќе се земе брис, па подоцна ќе ги соопштиме резултатите. Во Дебар болницата е организирана така да епидемиолотог и инфектолози и од болницата и од дебарската бања се сега на располагање во овој регион, тие ќе работат во две смени- рече Филипче.

Во целосна координација сме во МВР, вели Филипче, во однос на потребната за поддршка на нашите лекарски екипи.

-Засега во Дебар е мирно, нема проблеми,  луѓето разбираат за што станува збор. Дополнително ќе се зголеми бројот на лекари кои ќе бидат на стенд-бај кои ќе бидат целосно на располагање на пацинетите- рече Филипче.

Коронавирус