среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 133
Во живо

31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Влажни коловози, снег на Шапка

Влажни коловози, снег на Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне на Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија