вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 66
home Вести

Влажни коловози на патиштата

Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните , од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 30.12.2019 реконструкцијата на мостот на Вардар кај с. Пепелиште на патниот правец Неготино – Лакавица е завршена. Сообраќајот се одвива нормално за сите видови на возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11 2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година. На овој линк повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.