петок, 31. март 2023. Вести денес: 136
home Вести

Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Денеска до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски, информираат од партијата СДСМ преку писмено соопштение.

Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата. Секако, ова се однесува на сите поднесени кандидатури“, додаваат во соопштението.