понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Власта врши притисок Комитите и Војводите да бидат казнети по секоја цена, насоката стигнала од самиот врв?

Власта врши притисок Комитите и Војводите да бидат казнети по секоја цена, насоката стигнала од самиот врв?

Високи политички структури на власта вршат притисок завчерашниот случај кога навивачките групи скандираа патриотски слогани при положувањето на цвеќе на гробот на Гоце Делчев да завршат со кривични пријави. Насоката е дојдена од самиот врв на политичката партија на власт, а задачата била доверена на високи полициски структури во Бирото за јавна безбедност.

Извори од владејачката партија брифираат дека револтот кај вицепремиерката Шекеринска бил голем, а разочараноста од фијаското кој го доживеа настанот видлива и тоа било причина да се инсистира овој чин да заврши со казни.

Неофицијалните информации говорат дека во јавното обвинителство немало расположение за постапување по овој случај, но и таму притисокот за казнување по секоја цена се зголемувал.

Инаку, на завчерашниот настан кој се одржа во црквата св. Спас во моментот кога цвеќе положуваше министерот за одбрана Шекеринска, комитите извикуваа „Никогаш северна, само Македонија“.

Фотографиите кои беа објавени на фејсбук страната на Шекеринска предизвикаа стотици коментари од страна на граѓаните кои застанаа на страна на навивачките групи.

„Намерно провоцираш. Не мораш да ставаш цвеќе на нешто во што не веруваш. Во занесот на веќе трета деценија твоја себеобземеност, мислиш дека си поголема од тој што почива таму. Разликата е што тој свесно го жртвувал својот живот за да можеш ти да не се симињаш од државни функции, медиумски и бизнис простор. Не мораш и да се потсмеваш, да му ставаш цвеќиња плукајќи со своите постапки на неговата жртва. Би ти кажала засрами се, ама знам дека е за џабе“, гласи еден од коментарите под постот.

Засега нема коментар од страна на навивачките групи за намерата на власта овој чин да заврши со кривична пријава по секоја цена.

ЕУРО 2020

Македонија