среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 121
home Вести

Власта врши мобинг врз прераспределените раководители за да се откажат од работата

Власта врши мобинг врз прераспределените раководители за да се откажат од работата
Mobbing

Раководители на седум центри за вработување, кои со одлука на Агенцијата за вработување се разместени на исто ниво во други општини, обвинуваат дека врз нив се врши притисок и мобинг, со цел да се откажат од раководните функции, известува Телма Телевизија.

Како што пренесува Телма раководителот на центарот во Охрид, Јован Батковски е преместен во Ресен, додека раководителот од Ресен пак е преместен во Охрид, со образложение дека тоа е за унапредување на работата, внатрешна организација и рационално користење на човечки ресурси.  Наташа Ѓорѓеска Анчов од Крушево првин била прераспоредена во Македонски Брод, но бидејќи тоа е на повеќе од 50 километри од  местото на живеење решението било поништено и таа со ново решение е прераспоредена во Демир Хисар.  Таа смета дека тоа и го прават за да се откаже од работата.

– Разместувања на раководители по хоризонтала има и во центрите во Демир Хисар, Кичево, Неготино, Кавадарци и  Гевгелија. Тие заедно со колегите од Охрид, Крушево и Демир Хисар го обжалиле решенијата на вд директорката на АВРМ Билјана Јовановска и покренале соодветни постапки пред судот и Агенцијата за Администрација, стои во веста на Телма.

Од АВРМ за Телма информираат дека преместувањето на раководителите е во согласност со законот за вработените во јавниот сектор и имаат за цел унапредување на работата на Агенцијата и центрите за вработување. АВРМ додава дека шест од тие решенија биле потврдено како законити и основани од второстепен орган, Агенција за администрација, додека само едно било поништено заради надминување на оддалеченоста на 50 километри помеѓу старото и новото работно место.

Иако од АВРМ викаат дека не се врши мобинг туку тоа е за цел подобрување на функционирањето на центрите за вработување во рамките на расположливите човечки капацитети на АВРМ, прераспоредените раководители најавуваат дека ќе го туркаат докрај и очекуваат брза институционална разрешница.

 

Локални избори 2021