вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 17
home Вести

Власта во паника од пораз и пад на рејтинг: Влегува од скандал во скандал

Власта во паника од пораз и пад на рејтинг: Влегува од скандал во скандал

Власта која веќе две години управува со државата, во последните неколку месеци особено го разгневи народот поради  неразрешениот криминал, непотизам, хаос во здравството, милионски тендери поделени на фирми формирани непосредно пред да се објави огласот и нарушено владеење на право.

Последниот случај кој ја прели чашата, дури и на најголемите владини поддржувачи, е претепувањето на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во притворскиот затвор „Шутка“, по што едниот со тешки повреди заврши во ГОБ „8 септември“.

Властите кои се задолжени за обезбедување на животите на притворени лица, вчера имаа тежок пропуст. Случајот со Јанакиески и Ристовски ја потресе јавноста, која бурно реагираше на социјалните мрежи, додека апологетите на власта во лицето на медиумските перјаници на Фејсбук се обидоа да го релативизираат случајот.

Според изјави на персонал во болницата кои имале можност да го видат Јанакиески, велат дека истиот имал видливи повреди на телото, по што му била препишана и соодветна терапија. Според познавачите на состојбите во затвор, лице кои нема очевидни физички повреди и за кои не постои сериозна опасност дека од здобиените повреди може да настапат последици по неговото здравје, не се пренесува во болница, туку се третира од страна на затворскиот лекар.

Самиот факт што Јанакиески, кој првично е прегледан од затворскиот лекар е однесен во „8 септември“ говори дека истиот имал повреди кои ги надминувале оние кои можеле да бидат санирани од општ лекар.

Власта вчера беше целосно некоординирана. Директорот на болницата „8 септември“ , изјави дека на Јанакиески не се евидентирани повреди.

Со критика кон власта излезе и колумнистот и долгогодишен новинар Бранко Героски, кој за настанот напиша:

– Затворските власти, наместо да обезбедат елементарни предуслови за безбеден престој во оваа установа, денеска ја забавува јавноста со соопштение во кое ги „открија“ резултатите од својата „истрага“ за тоа кој бил виновен за инцидентот (нормално, утврдено е дека кавгата наводно ја предизвикал Јанакиески), нападнатите лица се уверуваат дека „ќе бидат понатаму згрижени и заштитени без опасност по нив, согласно процедурите на установата“, а јавноста се повикува „да се следат официјалните информации и да не се подлегнува на шпекулации.