петок, 4. декември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Власта спротивно на интересите на граѓаните не го поддржа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за експресен пат Делчево – Кочани

Власта спротивно на интересите на граѓаните не го поддржа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за експресен пат Делчево – Кочани

Знаеме дека приоритетите и овој дел од активностите се на ЈП „Државни патишта“ меѓутоа мораше од некаде да почнеме, а ова е едно барање на граѓаните од Источна Македонија и пред се на граѓаните од Делчево. Веќе добија еден коректен пат за транспорт, а со овој пат ќе се добие значаен коридор за поврзување на коридорот 10 од клучката Миладиновци и клучка 2 Велес со автопатот во Република Бугарија, појасни Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет.

Мицевски образложи дека е многу битен пат кој што посебно од причина што изработката на овој основен проект може да допринесе многу посебно поради делницата по која се движи. Имено се работи за дел од коридор 8А, Делница Кочани – Делчево, од влез Запад Кочани, клучка Превалец – Кривиница, преку Калиманско поле, с. Бигла до влез во Делчево.

-Зошто го кажувам ова, затоа што граѓаните од Источна Македонија знаат дека се работи за пат со благ терен, со благ наклон, лесен терен за работа освен еден до две места каде што не се повеќе од 2-3 километра, за малку покарактеристични работи. Карактеристично е што целата оваа делница не задржува снег односно се наоѓа на сончева експозиција и ќе биде многу битно доколку успееме еден експресен пат да го поврзиме Кочани со Делчево, а преку Кочани и Делчево излегуваме на коридор 10, фактички со самото поврзување или изградба на овој брз и експресен пат излегуваме на автопатот за Софија. А, исто така преку Кулата и на автопатот за Солун, посочи Мицевски.

Предложениот амандман од страна на координаторот Мицевски парламентарното мнозинство предводено од СДСМ не го усвои.

Коронавирус