четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

Власта се пресметува со синдикалните лидери, се прави простор за партиски синдикат

Власта се пресметува со синдикалните лидери, се прави простор за партиски синдикат

Притисоците се случуваат во поголемиот дел од гранските синдикати во КСС, вели претседателот на овој синдикат Благоја Ралповски.

Тој како пример го даде синдикатот каде што е тој раководи, синдикатот за државната управа и администрација каде што имале регуларни избори кои се оддржале, во агенцијата за вработување на Република Македонија, каде претходниот ден шефот на кабинет и директорката на агенција се шетале низ сите нивни подружници се со цел да направат притисок да биде избран нивни член.

-Претседателот на синдикалната организација на КПУ Затвор Скопје кој што беше на местото командир беше деградиран на 5 позиции надоле од причина што не сака да се откаже од претседател на синдикат. Претседателот на синдикалната организација на државниот инспекторат за земјоделие, шумарство и водостопанство исто така беше даван на дисциплински постапки. Раководни лица во катастарот за недвижности шетаат по градовите по подрачните одделенија и делат истапници со закани за да се остапи со нашиот синдикат. Се случува истото со самостојниот синдикат за деловни организации каде што под притисок и закани се отчленуваат луѓе. Имаме еден пример каде што не можат да ги отчленат па директорот на ЈП Комуналец со личен печат од претпријатието формира синдикална организација на денот кога ние имаме избори во таа организација, рече Ралповски.

Ралповски додава дека се случува да се заплашуваат луѓе со кривични постапки затоа што донеле одлуки за подобрување на социоекономските прашања. Тој посочи уште еден пример кај синдикатот на транспорт и врски каде што и на претседателот му е доделен отказ но и на многу претставници на КСС. Ралповски вели дека ова е широко распространета слика и очигледно е дека некој има налог и има желба да се растури КСС и тоа од причина што се осмелиле да проговорат и да си ги бараме нашите права што им следуваат согласно со колективните договори.

Дали со ваквиот начин на делување и пресметка со синдикатите, власта си отвора пат за ставање на синдикалните движења под своја капа останува да покаже времето.

Најнови вести

Коронавирус