понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Власта се обидува да замачка очи со смешната казна: Момчето кое вчера влета на плоштадот претходно возел 234km/h, а бил и апсен за оружје

Власта се обидува да замачка очи со смешната казна: Момчето кое вчера влета на плоштадот претходно возел 234km/h, а бил и апсен за оружје

Возачот на автомобилот марка „бентли“ кој со поголема брзина вчера се движеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, е пронајдет и казнет, но јавноста не престанува да коментира за оваа смешна постапка на власта и полицијата.

Станува збор за извесен Б.А. од Арачиново, а потврда за ова стигна и од скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи објави фотографија од записникот кој му е врачен на сторителот.

На истата може да се забележи дека Б.А. е казнет според членот 187, став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

И додека тој вчера на смешен начин беше казнет со глоба од 45 евра, лани во месец декември тој беше дел од „спектакуларната“ акција за дрога и оружје на МВР кога му беше извршен и претрес во домот каде полицијата пронајде и нелегално оружје.

До ден денес истиот е на слобода, а власта и скопскиот градоначалник вчера се пофали дека никој не бил над законот.

Инаку на својот Тик-Ток истото момче кое вчера влета на плоштадот со Бентли, неодамна се снимал и како на автопат достигнал брзина од 234 километри на час со својот Мерцедес, пркосејќи му на законот.

Коронавирус