недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Власта продолжува со уривање: Се срамнува со земја и постаментот пред Врховниот суд (ФОТО)

Власта продолжува со уривање: Се срамнува со земја и постаментот пред Врховниот суд (ФОТО)
ФОТО: МКД.мк

Откако минатиот месец беше отстранет споменикот на Андон Јанев-Ќосето од пред Врховниот суд, денеска се расчистува и постаментот, објави порталот МКД.мк.

Споменикот на Ќосето беше поставен пред Врховниот суд во 2014 година како донација на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин за град Скопје, кое донираше уште четири споменици.

На местото на кое што беше споменикот, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека ќе биде насадено дрво „за човекови права” под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации.

Коронавирус