сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Власта продолжува со притисок кон новинарите: Во МВР на распит и Горан Момировски

Власта продолжува со притисок кон новинарите: Во МВР на распит и Горан Момировски

И долгогодишниот новинар Горан Момировски повикан на распит во МВР затоа што го објави првото продолжение од милионскиот скандал за местење на тендер во М-НАВ од страна на генсекот на владата, Драги Рашковски – дознава Лидер од полициски извори.

Како што дознава порталот Момировски во моментов е на распит во СВР Скопје.

Утринава на службен разговор беше главниот уредник на Економски Лидер, Љупчо Златев, кој го објави второто продолжение од скандалот.

Нивниот уредник изјави дека наместо да го гони криминалот на Рашковски, власта ги гони оние кои што го објавиле.

Коронавирус