среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 40
home Вести

Власта продолжува со партизација на институциите – нови огласи за партиски вдомувања

Власта продолжува со партизација на институциите – нови огласи за партиски вдомувања

Трендот на партиски вработувања продолжува во Македонија. Имено, во моментот се активни неколку огласи и тоа во Министерство за финансии, Државниот завод за ревизија, Национална установа филмски центар Вардар Скопје, Национална установа Театар за млади и деца Скопје, како и вработување во националната радиодифузија.

Според огласите, се бараат лица на различни позиции од раководители не сектор, раководители на одделенија, виши стручни соработници, архивари, помошници на директорот, соработници, референти, самостојни референти па се до вработување на одговорно лице за возен парк, платата е во зависност од позицијата од 16.000 до 37.631 денари.

Сето ова би било во ред, но ако се земе во предвид дека во моментот државата се соочува со економска и здравствена криза, тогаш се поочигледно е дека власта продолжува со бранот на партиски вдомување на лица блиски до неа.

Се чини дека наградувањето на партиски активисти никако не може да запре и покрај најавите во едно телевизиско гостување на премиерот Зоран Заев дека администрација ќе се намалува, а со тоа ќе се скратат непродуктивните трошоци.

Рековме 20 проценти намалување на администрацијата, тоа значи сигнал за кратење на непродуктивни трошоци за да ја помагаме економијата преку капитални инвестиции. Реформите мораат да се случат во државата. Јас кажав во една изјава сите сакаме швајцарски плати ама никако не ни се работи со продуктивност како што е просекот во западна Европа. Тоа мораме да го промениме сите, изјави Заев во емисијата Економски магазин на ТВ Алсат М.

Речиси и да не поминуваше ден во опозиција СДСМ и Заев да не ја критикуваа тогашната власт за пренатрупување на администрацијата, сепак сега од позиција на власт го прави токму спротивното. Граѓаните се сведоци дека наместо функционални институции со професионални и непартиски кадри истата стана место за вдомување на членовите на семејствата, пријателите и партиските кадри на СДСМ. Инаку, и вчера излезе информација дека следната недела се очекува да биде објавен оглас за вработување на 800 административци и тоа 640 од нив Албанци, додека останатите 160 од други етнички заедници.

Коронавирус