понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 55
home Вести

Власта преку институциите врши политички прогон и реваншизам врз неистомисленици

Власта преку институциите врши политички прогон и реваншизам врз неистомисленици

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, гостуваше во емисијата ,,Добро утро, секое утро” која се емитува на телевизија Алфа.
Василевска го коментираше начинот на владеење на власта преку политичкиот прогон кој е длабоко вкоренет во системот и употребата на институциите за реваншизам со неистомислениците преку што се испраќа порака на апсолутизам, дека никој не смее да се противи на власта, ако не си со власта.

Василевска ја коментираше и анкетата на ИПИС според чии резултати огромен дел од мнозинството во Република Македонија сметаат дека случајот со 27 април е монтиран.

– Во интерес на вистината и на она што се случува и е трагедија, морам да кажам дека буквално со Робеспјеровски методи беа злоупотребени граѓани кои потоа, нели, беа селектирано одбрани и ставени под политички прогон.
Со целосна морална одговорност, бидејќи сум очевидец на тие настани, дури тогаш власта се обидуваше да испрати пораки со кои се обидуваше да се закани. Тоа беше сѐ само не фер судење, времето ќе покаже дека во моментов во Македонија лежат невини луѓе во затвор. Луѓе, кои можете да ги опоменете и да им дадете санкција евентуално за учество ви толпа или за пренагласено чувство за љубов кон сопствената татковина, кон Македонија.
Она што тие, начинот на кој се селектирани и одбрани, па еве на пример зошто не се одбрани дел од пратениците кои учествуваа директно во отворање на порти или кои понатаму учествуваа во некои поттикнувачки дејствија?
Во моментов имаме луѓе кои се на онаа познатата ,,дисциплина на кичмата” со која се упатува порака до севкупната македонска јавност дека доколку имаат потреба, секогаш ќе го вадат тој случај и ќе го занемарат она што го предизвика тоа. – рече Василевска.

Таа потенцира дека токму таа агресија започнала од Шарената револуција која ја демолира целата држава, но за да се покрие злосторството, како што Достоевски вели дека злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторот, овојпат и тие се вратиле во улога на судии и нарачатели токму затоа денес ја гледаме најголемата навреда – Добрила Кацарска да биде уставна судијка, најголемиот срам и најрежимската судијка.

Коронавирус