По вчерашниот обид доцна вечерта да помине договорот кој го спречија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, денес Талат Џафери најави дека ќе се работи до исцрпување на сите говорници без прекин.
Власта и денес се обидува да го помине на сила договорот со кој на Макпетрол ќе му даде 33 милиони евра.
Ако се пресмета бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и останатите од опозицијата и се помножи по бројот на минути за говорник, плус неопходните паузи поради коронавирусот, ќе излезе дека треба да се работи најмалку 25 часа.
Седницата започна во 14:30 и значи дека цела ноќ и цел ден утре без прекин треба да се работи само со единствена цел да се изгласа оваа точка.
Поради ова логично е да се постави прашањето: Толку ли им гори под нозе и толкав ли е криминалот на Заев што сака да помине 33 милиони евра во сабота наутро, а да се работи и денес на Католички Божиќ?