сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Власта по скратена постапка ќе го менува Законот за референдум

Власта по скратена постапка ќе го менува Законот за референдум

Поради неусогласенот на постојниот текст на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, со текстот на Изборниот законик и Законот за судови, Министерството за правда на Единствениот национален електронски регистар на прописи, објави дека се потребни законски измени.

Во целта на предлог-законот пишува дека измените се потребни поради „надминување на постојните проблеми поради неусогласенот на законското решение со Изборниот законик и Законот за судовите“.

Јавна расправа не е предвидена. Временската рамка за предлог-законот треба да се донесе најдоцна до 31 јануари.

Коронавирус