сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Вести

Власта не сака решение за Законот за ЈО: Преговорите се заглавени бидејќи Заев сака амнестија за Рекет

Власта не сака решение за Законот за ЈО: Преговорите се заглавени бидејќи Заев сака амнестија за Рекет

Преговорите помеѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство се заглавени поради тоа што Зоран Заев бара амнестија за случајот „Рекет“, потенцираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во дебата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров на телевизија 24.

Тој посочи дека проблемот во преговорите е во тоа што Зоран Заев бара новиот јавен обвинител по предлог на опозицијата да не може да истражува случаи кои што се отворени до сега. Николоски објасни дека тоа значи оти предметот „Рекет“ нема да може да го истражува новиот јавен обвинител.

-Тоа што е проблемот е што Зоран Заев предлага да опозицијата води обвинителство кое што ќе може да истражува само случаи кои што не се отворени до сега. Тоа значи дека предметот „Рекет“ нема да може да го истражува. И уште повеќе предлага опозицијата да номинира обвинител, но ако власта не се согласи пак после власта да го постави. Значи она што практично го бара Зоран Заев и поради што се заглавени преговорите е амнестија за него и луѓето околу него по однос на случајот „Рекет“ и тука се во овој момент заглавени преговорите. Да е парадоксот најголем, високи претставници од кабинетот на Зоран Заев контактираат наши членови од нашата политичка партија и им велат знаете како веројатно нема да има датум за преговори немаме голем интерес ова да се заврши ни одговара вака како што е состојбата со предметите и со Јавното обвинителство, вели Николоски.