понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Власта не престанува да шири лажни вести, Станковски за КУРИР: Анти кампањата на „СДССМ-ЌЕ“ кон ВМРО-ДПМНЕ трае со децении

Овие денови  со цел да се прикрие хаосот во здравството и економијата поради коронавирусот сведоци сме дека СДСМ се одлучи за нив познат чекор и обид за манипулација со граѓаните.
Власта не престанува да шири лажни вести, Станковски за КУРИР: Анти кампањата на „СДССМ-ЌЕ“ кон ВМРО-ДПМНЕ трае со децении

Со нова лага, по стар принцип прво одржаа прес-конференција, па ги организираше медиумите блиски до себе да ја разработат и рашират невистината која ја пласираат. Но како и на секоја, така и на оваа нивна лага, нозете беа кратки.

Имено, тие објавија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски деновиве бил во теретана, па покажаа и стара видео снимка манипулирајќи ја јавноста. Мицкоски обелодени дека станува збор за стара снимка, но тие не ја прифатија вистината бидејќи не им оди во корист. Снимката која ја пласираа е стара околу шест месеци.

По ова се огласи и првиот човек на Министерството за внатрешни работи Наќе Чувел кој преку статус на Фејсбук напиша дека снимката е нелегално стекната и со стар датум.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи постапуваше по допрен глас од страна на социјалните мрежи, односно во врска со видео материјалот на кој се гледа како Х.М., претседател на политичка партија, во придружба на полициските службеници И.Б. и О.С. и уште едно непознато лице како наводно ги прекршуваат предвидените конкретните одлуки донесени од страна Владата на РСМ во врска со корона вирусот, односно биле во теретана која наводно работела само за нив.
Во однос на видео записот преземени се мерки за расчистување на случајот, извршен е разговор со сопственикот на теретаната, извршен е увид на видео надзорот во и надвор од објектот за периодот од 01.04.2020 до 27.04.2020, при што не е воочено движење на наведените лица објавени на видео записот на социјалните мрежи, односно дека во објектот нема движења односно и нема снимка како што е постирана на социјалните мрежи.
Исто така, извршени се службени разговори со полициските службеници во ЕВР Аеродром и Драчево и со неколку вработени во теретаната, кои потврдиле дека истата не работи по донесувањето на мерките од Владата и дека на снимките ги нема известувањата дека објектот не работи т.е. дека снимките се постари. Една од вработените посочила и дека снимката е од 20.10.2019 кога последен пат заедно ги видела во теретаната Х.М и полициските службеници. Дека се работи за настан од 20.10.2019 изјавиле и полициските службеници, кои појасниле дека тој ден извршувале работни задачи на обезбедување на претседател на политичка партија, што било потврдено и по увидот на системот на вработените лица во МВР.
Дотолку повеќе дека се работи за стара снимка потврдува и изјавата на И.М. кое е лице вработена во конкретниот фитнес центар и која во својата изјава посочува дека видно од снимката која беше објавена на социјалните мрежи се гледа шкаф кој е без врата, а врата на истиот шкаф е поставена во ноември 2019 година.
Врз основа на преземените мерки, Одделот за внатрешна контрола смета дека наводите изнесени на социјалните мрежи во врска со постираниот видео запис се неосновани, односно нема прекршување на одлуката за ограничување на движењето од страна на конкретните лица.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и медиумите да се воздржат од пласирање и објавување неточни и невистинити вести и информации, стои во неговиот пост на Фејсбук.

❗ Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни…

Gepostet von Наќе Чулев am Dienstag, 28. April 2020

 

Академскиот сликар и публицист Александар Станковски во изјава за КУРИР вели дека оваа „анти хејтерска “ кампања од страна на СДССМ кон ВМРО-ДПМНЕ трае со децении.

-Омразата на владејачката партија ја гледаме со децении во континуитет, секој кој не е со нив е против нив и периодично тие објавуваат еден вид на „хејтерска“ сезона за лов. И тотална дискредитација на одредени личности кои со своето политичко делување ја расклинкуваат и деконструираат клептоманската антинационална и велепредавничка политика на ова бандитско здружување кое себе си се нарекува СДССМ- ЌЕ. Неспособни за било каква креативност оставајќи зад себе уништување и руини во македонското општество и владеејќи со уцени страв и поткуп единствен начин да ја зачуваат својата позиција е низ стратегијата на уцена, политички прогон и дискредитација на политичките конкуренти. Кога професорот и претседател на ВМРО Христијан Мицкоски ќе ги изложи страшните криминали на владејачката гарнитура, тие веднаш ги ангажираат своите „ботови“ и „хејтери“ за ситни пари и мизерни позиции да лаат како псци сервирајќи цел дијапазон на клевети и лаги против вистините изложени во излагањето, не само на професорот Мицкоски туку и против сите оние кои ја сакаат татковината, кои го сакаат просперитетот и кои го уживаат достоинството на големиот во историска смисла македонски народ, вели Станковски.

Тој за КУРИР додава дека немајќи аргументи и фатени инфраганти во своите патолошки криминали тие немаат друг избор ниту други концепти за политичка борба освен да дејствуваат со дискредитации, омаловажување и лаги.

-Но, им се гледа крајот ветуваа благосостојба, правда и слобода, а донесоа тоталитаризам подобен на најцрниот фашизам, мизерија и болест. Тој што викаше дека ќе донесе живот донесе смрт. Е сега нека измачениот и понижен Македонски народ сфати еднаш за секогаш кој му е пријател и кој работи на негов бенефит и кој му е душман и кој го води во гибел. После се изборот е многу очебиен, вели Станковски.

Инаку ова не е прв ваков начин на манипулација со јавноста од страна на СДСМ преку нивните медиуми.

Јавноста е сведок на нивната машинерија на ширење на лажни вести преку социјалните мрежи во време на опозиција.

Доказ за искористувањето на несреќните случаи за собирање на ситни политички поени на Заев и СДСМ е нивното поигрување со смртта на малата Тамара, новинарот Никола Младенов, Мартин Нешковски, како и петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Коронавирус