недела, 27. септември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Власта не нуди услови за живот: Денеска протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ

Власта не нуди услови за живот: Денеска протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика граѓаните на протестен марш во 19 часот.

– Република Македонија тоне во црнила. Црнила на демографски план, црн воздух, зацрнето стопанство, оцрнето здравство, црнила на секое поле во општеството поради неспособноста на СДСМ.

Република Македонија е зацрнета и тоа го чувствува секој еден граѓанин, без разлика на неговата верска, етничка, политичка или било каква друга припадност. Ветуваа живот за сите, донесоа црнила за сите. Токму затоа ВМРО- ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои не се согласуваат нашата држава и понатаму да тоне да ни се придружат на протестниот марш денес, од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија – се вели во соопштението на партијата.

Поради маршот затворени ќе бидат дел од улиците.

Од 19,00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата “Даме Груев“, право по улицата “Васил Главинов“, право по булеварот “ВМРО“, лево по булеварот “Илинден“ до пред зградата на Влада на Р.Македонија. Од тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот, информира МВР.

Коронавирус