среда, 14. април 2021. Вести денес: 136
home Вести

Власта не е способна ниту кинески вакцини да набави, не пак да води држава

Власта не е способна ниту кинески вакцини да набави, не пак да води држава

Македонија остана и без кинеските вакцини против КОВИД-19, „Синофарм“. Деновиве се обзна дека македонските граѓани нема да ја добијат вакцината „Синофарм“, Кина го вратила авансот што и беше даден за набавка на истите вакцини.

„Имаме информација дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма, па затоа прашуваме јавно дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини и воедно кои се причините доколку е вистина дека е вратен, иако нашите информации говорат дека е вратен и не само што ќе доцнат туку ние нема да добиеме вакцини од кинеската фирма во идниот период“, запраша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на 27.02.2021.

По ова прашање власта молчеше до вчера кога самиот министер за здравство, Венко Филипче призна дека авансот е вратен, но дека македонските граѓани нема да останат без вакцини.Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за Канал 5 телевизија вчера потенцираше дека и покрај тоа разговорите за овие вакцини се во завршна фаза и дека тие за многу скоро ќе бидат во земјава.

„Тоа го направивме за наша сигурност, секако. Никако не значи дека нема да стигнат вакцините, но со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од тоа што сите ние на почетокот планиравме, понатаму се бараа многу дополнителни документи, нешто што се случува практично со сите земји и на тоа многу често ни укажуваат. Се врати дел од средствата, но навистина преговорите сега овие денови па дури и за време на викендот ми се чини се во последната фаза и мислам дека сега целокупниот тој процес ќе се заврши и навистина вакцините за многу скоро ќе пристигнат во нашата земја“, рече министерот за здравство Венко Филипче во изјава за телевизија Канал 5.

И додека дел од европските земји завршуваат и со второто вакцинирање на граѓаните, а Германија најавува дека ќе обезбеди дури и вакцини против КОВИД-19 и за 2022 година, Македонија се уште не може да започне со имунизација на населението од корона вирусот, кој коси повеќе од една година. Власта во Македонија единствено ги вакцинираше здравствените работници со вакцините кои што ги донираше Србија.

Очигледно е дека власта во Македонија не може да се справи со КОВИД-19, а тоа го докажаа бројките на заразени од КОВИД-19, починати и број на вакцинирани лица споредбено со бројките по другите земји во регионот.

Коронавирус