четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 88
home Вести

Власта не беше способна да набави Клексан и Инвермектин, за вакцини ќе причекаме!

Власта не беше способна да набави Клексан и Инвермектин, за вакцини ќе причекаме!

Се повеќе од очигледно е дека властите се изгубени во справување со ковид кризата. Тоа го покажува и високата бројка на заразени и починати од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата па се до денес. Исто така за неспобноста на власта говорат и податоците каде граѓаните не можеа да ги набават на лековите Клексан и Инвермектин кои се многу значајни за справување со вирусот.

Деновиве на социјалните мрежи се појави информации каде граѓаните посочуваат дека не можат да го најдат лекот Инвермектин.

Имено министерот за здравство, Венко Филипче на 8 јануари најаваи дека за две недели ќе пристигне овој лек во земјта, да за неполн месец од најавено граѓаните се соочуваат со недостаток од овој лек.

„Студиите покажаа дека „Ивермектинот“ се дава на три групи граѓани и тоа, кај ризичните групи на работници, коишто имаат висок ризик да заболат, потоа на луѓе, кои биле во контакт со заболен и на заболени пациенти. И кај трите групи има различни индикации, различно дозирање и затоа е потребно давањето на лекот да биде под контрола на лекар. Јас верувам дека во следните две недели ќе биде достапен во нашата земја“, изјави Филипче на 8 Јануари.

Не само за овој лек иста беше ситуацијата и со лекот Клексан кој исто така е многу значаен за лицата кои се заболени од ковид вирусот.Оваа информација многу се прошири и по социјалните мрежи каде јасно се гледа дека лицата заразени со КОВИД-19 никако не можат да го најдат лекот. Проблемот е што лекот го нема речиси во ниту една аптека во Скопје и од таму не знаат ниту кога можат да го добијат.

Не само недостаток на лекови најзагрижувачки е тоа што власта не може да набави вакцини односно додека регионот се вакцинира против КОВД-19, Македонија ја нема добиено ниту првата доза на вакцини. Имено Македонија и Косово од регионот се единствени земји од регионот каде сеуште не е почната вакцинацијата.

Последните најави од министерството за здравство се дека во Македонија во текот на февруари треба да пристигнат 5.800 вакцини на компанијата „Фајзер“, а до крајот на годината 800.000. Се очекуваат и 200.000 вакцини од Кина и 833.000 дози обезбедени преку „Ковакс“ системот. Се прават дури и списоци на здравствени работници и на хронично болни кои први ќе бидат вакцинирани иако е доцна. И последната препорака од министертсвото за здравство е да се вакцинираат и луѓето кои биле заболени без разлика дали имаат или немаат антитела.

„И покрај вакцината, мора да се почитуваат мерките за заштита. Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани преку матичните лекари, преку системот „Мој термин”, информираше неодамна министерот за здравство, Венко Филипче.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија