петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

Власта наместо да се бори против лажните вести, таа ги произведува- ова е доказ за лажната вест поврзана со Мицкоски (ФОТО)

Власта наместо да се бори против лажните вести, таа ги произведува- ова е доказ за лажната вест поврзана со Мицкоски  (ФОТО)

Откако вчера во јавноста неколку портали ја пренесоа лажната вест поврзана со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој наводно земал 1,6 милиони евра од руски дипломати, денеска се појавија и докази за невистинитоста на веста.

Имено наместо власта која е најголем поборник на ширење на лажни вести, да ги спречи таа е извор на истите.

Лажната вест јасно се гледа дека е сечена од една друга вест објавена во руски медиум во октомври годинава поврзана со корупциски скандал на рускиот министер за внатрешни работи.

Точниот превод на текстот што го објавува Пресцентар гласи:

-Името на полковникот на Федералната служба за безбедност Дмитриј Голиков гласно одекна во целата земја во септември 2019 година, кога офицерот бил во Унгарија, па во станот на неговиот пријател Атила Борош во Дембинска улица 10 во Будимпешта биле пронајдени 1,6 милиони евра, 124 илјади долари со многу сериозни инструкции за Х. Мицкоски од Македонија. На истиот ден, 19 септември, во друг стан, кој официјално му припаѓа на Голиков, биле одземени 600 илјади евра, 20 илјади долари со многу сериозни инструкции. Треба да се нагласи дека офицерот на ФЦБ редовно ја напуштал Русија. Информација за едно негово патување била нагласена дури и во Николискиот реонски суд во Москва во април стата година, кога…

Според споредбата на двете вести овде станува збор единствено само за вметнување на податоците на Мицкоски, додека бројките се исти, што е јасен доказ за фабрикувана лажна вест.

Инаку во лажната вест се користени и повеќе различни зборови преземени од различни вести, од кои во случајот најдовме конкретно две од кои јасно се гледа дека се преземени потполно истите зборови и бројки кои му се ставаат на товар на Мицкоски.

Или како што е на слободно пренесено на Пресцентар.мк: „По објавените фотографии а и видео снимки за средбата на Мицкоски со руските дипломати на рускиот портал „Нова Газета“  е објавена информација дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ добил 1,6 милиони евра и 124,000 долари за да изврши сериозни задачи по добиени инструкции. Ова ли е причината за тајната средба на Мицкоски со руски дипломати?“

Очигледно е дека се работи за колаж составен од друг текст со вметнати податоци на Мицкоски.

Се повеќе е симтоматично и тоа што од владата која декларативно се залага против лажните вести нема официјален демант.

Порталот инаку кој ја објави лажната вест е во сопственост на невладината седма сила во сопственост на Бобан Насев кој е осуден за измами во минатото.

По ова вчера се огласи и самиот Мицкоски преку својот Фејсбук профил каде напиша дека власта наместо да се посвети на проблемите, тие само крадат и шират лажни вести.

-Иако дното со Заев и оваа власт во заминување е оддамна пробиено, сепак вредно е да се напомене дека во овие моменти на изразена паника кај власта од престојниот пораз ширењето на лажни вести е веројатно единственото на кое оваа власт е посветена. Наместо да решаваат проблеми, тие се посветени на крадење и ширење лажни вести. И кога не би биле лажните вести кои тие ги креираат како што е оваа, ќе требаше да се збори за посуштински прашања за граѓаните, како на пример тоа што Заев направи грабеж на бизнис секторот со прогресивниот данок, и сега привремено ја стопира оваа штетна мерка, тоа што го пуштија да избега убиецот на Нешкоски, за сомнежите за криминал и рекет, за бегањето од избори и мал милион скандали на оваа арамиска власт. И додека разно-разни советничиња на премиерот имаат усти полни со демагогија за лажните вести, тие во позадина се нивните главни креатори. Паѓаат во вода сите нивни квази стратегии платени со народни пари. Нивното препелкање е нивната нервоза затоа што ја немаат поддршката од народот. Но ваквите нивни потези мене не ме вознемируваат, напротив ме мотивираат да продолжам во правилната насока. Сакам да им порачам, додека ги трошат жолтиците од рекетот, цинично се смеат и меѓусебно се храбрат дека еве го изнервираме реагираше, јас уште посилно ќе продолжам да се борам се додека со народот конечно не ги поразиме и пратиме во политичка пензија, но потоа ќе следи одговорност. Не ја навредувајте интелегенцијата на народот.

ПС: молевте и коленичевте за фер однесување, но уште еднаш покажавте дека за Вас не постојат принципи, ниту збор, тогаш подгответе се за кошмарот кој сами го создавате, и тој не е исполнет со лажни вести туку со факти и аргументи. И да, не заборавајте, овој народ ја сака вистината!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус