сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Власта на Заев на секој начин се обидува да го избрише Гоце Делчев: Веќе три години не се доделува престижната награда која го носи неговото име

Власта на Заев на секој начин се обидува да го избрише Гоце Делчев: Веќе три години не се доделува престижната награда која го носи неговото име

Власта на Зоран Заев на секој начин се обидува да го избрише македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Веќе три години во државава не се доделува престижната награда која го носи неговото име.

Откако СДСМ е на власт, ниту во 2017, ниту во 2018, ниту во 2019 година државната награда „Гоце Делчев“ не е доделена. Ниту пак денеска не беше доделена највисоката научна награда за 2020 година.

Лани во декември за прв пат се распиша конкурс. Донесена е и одлука, која, според некои објаснувања, сè уште не била објавена во „Службен весник“. Наводно, тоа е причината што наградата официјално не е доделена на 4 мај, денот на погибијата на големиот македонски револуционер Делчев, како што е традиција.

Плусинфо неофицијално дознава дека добитници на наградата се научните трудови „Интерна медицина“ од група автори, одговорен уредник проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ и „Сите лица на речта: беседи“ од академик проф. д-р Катица Ќулавкова.

Законска обврска за доделување на наградата за највисоки достигнувања во областа на науката има Министерството за образование и наука, со кое раководи министерката Мила Царовска.

Неофицијално, порталот дознава и дека владиниот врв не може да се помири со одлуката еден од добитниците на оваа престижна награда да биде академик Ќулавкова.

Како Царовска, со цел продажба на државата и идентитетот, се дрзнува да им ја искрати честа и наградата на капитални интелектуални творци како академик Катица Ќулавкова и Проф. Др. Соња Генадиева Ставриќ?

Па од тука се поставува и прашањето дали Царовска ги следи политичките комбинаторики на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев кои денеска не се појавија на гробот на Гоце Делчев или се работи за други причини?

„Виновник“ e пандемијата.

Коронавирус