среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Власта на вонредна комисиска седница го турка новиот Закон за заменици директори кој годишно ќе ги чини граѓаните 2 милиони евра

Власта на вонредна комисиска седница го турка новиот Закон за заменици директори кој годишно ќе ги чини граѓаните 2 милиони евра

Во Собранието на Република Македонија во тек е седница на Комисијата за Економски прашања на која на дневен ред е ставена точката за новиот Закон со кој јавните претпријатија добиваат заменици директори.

Седницата била закажана доцна попладнево.

Како што дознаваме претседателот на Комисијата за економски прашања Горан Милевски не се нафатил да ја води комисијата, па седницата ја води неговиот заменик Агим Шаќири.

Владеачкото мнозинство пред неколку дена предложи по скратена постапка да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици, кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите.

Тоа во праксата значи дека секое јавно претпријатие ќе добие заменик директор кој ќе вработи свој кабинет, а плус за него ќе треба да се одвојуваат дополнителни средства за телефон, службено возило, секретарка како и асистенти.

Во досегашното законско решение во отсуство на директорот се определувал вработен кој раководел со претпријатието.

Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.

Финансиските имплликации за воведување на вакви позиции може да се претпостави дека би изнесувале околу 2 милиони евра годишно на товар на граѓаните на РМ, ако се земе во предвид дека во државата постојат 129 јавни претпријатија.

Да потсетиме и дека денеска Владата донесе одлука за зголемување на платите на вицепремиерите на месечно ниво за 8000 денари, што за упатените е знак дека власта троши огромни суми на непродуктивни трошоци.