недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Власта на СДСМ за едни мајка за други маќеа – хонорарци примале 80.000 денари месечно“ (ФОТО)

„Власта на СДСМ за едни мајка за други маќеа – хонорарци примале 80.000 денари месечно“ (ФОТО)

Како власта предводена од СДСМ за едни е мајка, а за други маќеа?!

Деновиве се објави листата на хонорарни испалти за 2020 година од Владата на СДСМ. На таа листа се наоѓаат две имиња, секое со хонорар од по 80.000,00 денари месечно или по 960.000,00 денари за цела 2020 година. Ангажманот на овие две лица е „Изработка на физибилити студија за Јавно приватно партнерство за фотонспонска електрана во РЕК Осломеј и обезбедување техничка помош за спроведување постапка за избор на приватен инвеститор“. ( Слика 1)

ВМРО-ДПМНЕ во многу наврати реагираше за катастрофалната енергетската политика на Владата. Откако е формирана Владата на СДС-ДУИ, во енергетиката секоја година се повторуваат истите ветувања и наместо да се даде отчет за реализација, следната година, повторно се ветува истиот проект.

Како пример за ветување на еден ист проект е изградбата на фотонапонска електрана во Осломеј.

На 4.1.2019 година е потпишан договор за заем за изградба на фотонапонска централа Осломеј (Слика 2). Дадено е ветување дека поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј за околу една година треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоелектрична централа. Иако помина повеќе од 2 години, сé уште нема реализација на ова ветување.

На 28.11.2019 година е потпишан договор за изградба на фотонапонска електрана Осломеј. Ветено е дека во втората половина на 2020 година ќе бидат произведени првите мегават часови струја од електраната. Директорот на ЕЛЕМ Ковачески информираше дека електраната ќе биде готова за 10 месеци и ќе започне да ги произведува првите киловати електрична енергија од сонце на есен 2020 година. Се разбира дека и ова ветување не е реализирано.

После доцнење од 2 години, пред само неколку дена, Владата даде согласност на Одлуката за избор на најповолна понуда во постапка за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали во Осломеј (Слика 3).

Со оваа одлука на ЕЛЕМ за најповолни се прогласуваат понудите на две надворешни компании, при што како дел од условите на аукцијата, покрај поделбата на приходите и ќе се понудат 50 работни места на поранешните вработени во рудникот за јаглен во тој регион (Слика 4).
Ако 50 вработени се понудат на надворешната фирма, каква ќе биде судбината на останатите над 450 вработени во рудникот?
Кои се тие поранешни вработени во рудникот?
Дали тоа значи дека ќе има отпуштања во ЕЛЕМ – РЕК Осломеј?
Дали оваа физибилити студија коија е дебело платена од наши пари, а од неа бенефит уживаат двајца платеници на СДСМ, ќе остави без работа 450 луѓе од рудникот во РЕК Осломеј?
Или може да се каже дека убаво сме им платиле на овие двајца за да му помогнат на странскиот партнер како нашите граѓани полесно да останат без работа.
Ете таква е власта на СДСМ: за едни мајка, а други маќеа!

Но, ова нема да помине неказнето. Напатениот македонски народ ќе има шанса да си ја земе правдата во свои раце и да ја порази оваа ненародна Власт. А, потоа и да ги казни платениците, кои мора да одговараат за пљачката на буџетот. Буџетот кој сите граѓани на Македонија едвај го полниме, за да може само поедници блиски до СДСМ да ги уживаат благодетите и згора на сé да прават штетни политики за енергетиката и својот народ.
Честит празник народе македонски!

„Доста беше, разбуди се, свести се не спиј ти!“- токму како што е опеано во една народна песна.
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ!

Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус