сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 124
home Вести

Власта ја губи битката со ковид пандемијата, а не се откажува од пописот кој дополнително ќе влијае

Власта ја губи битката со ковид пандемијата, а не се откажува од пописот кој дополнително ќе влијае

Веќе подолг период е се поактуелна темата за пописот. Очигледно е дека власта сака да го спроведе пописот по секоја цена без притоа да ја увиди каква е реалната ситуација во државата. Реалноста е дека поради КОВИД-19 бојот на новозаразени се зголемува, а бројот на починати лица ја надмина бројката од 3.000 лица.Но,оваа висока бројка власта не ја спречува да го откаже пописот.

Додека власта е решена по секоја цена да го спроведе пописот, голем број на држави во регионот го одложуваат и причината ја поврзуваат со корона вирусот.

Хрватска објави дека го одложува пописот и причината за тоа ја поврзува со пандемијата. Ова го потврди и главниот координатор за попис на населението кој посочува дека не може да се каже точниот датум за попис затоа што не знаат каква ќе биде состојбата со пописот.

-Сега имаме многу интензивни консултации за новиот датум на пописот и едноставно не можеме да шпекулираме ниту за датумот, бидејќи не знаеме каква ќе биде состојбата околу пандемијата и, се разбира, треба да се поминат одредени процедури во Парламентот,објаснува Дамир Плесац, главен координатор за населението во пописот.

Во врска со одложување на пописот се огласи и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој посочи дека голем број на држави го откажуваат пописот и сето тоа поради ковид пандемијата.

-И Хрватска одлучи да го одложи пописот на населението кој требаше да се одржи од 1.април до 7.мај оваа година.Причина, Ковид19 пандемијата.Инаку Хрватска има 1.322 починати на 1М жители, додека во Македонија стапката на смртност е 1.450 на 1М жители.Одлука за одлагање на пописот имаат донесено и Србија, Бугарија, Германија, Шкотска, Ирска, Косово, Аргентина, неколку сојузни држави во САД, а ваквата опција се разгледува и од властите во Чешка, се вели во статусот на Милошоски.

Најнови вести

Локални избори 2021