вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Вести

„Власта ги изигра и административните работници во здравството, останаа извисени“

„Власта ги изигра и административните работници во здравството, останаа извисени“

СДСМ и Заев продолжуваат да ги манипулираат граѓаните. Ветуваа 100.000 денари за здравствени работници, поминаа три години се уште нема ништо од ветеното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За три години мандат Зоран Заев и Венко Филипче ништо не сторија за подобрување на здравствениот систем. Засметувањето на дежурства и други ставки на име плата, како истата би изгледала поголема е манипулација и поигрување со лекарите, нивниот труд и мака, стои во партиската реакција и се додава:

„Власта ги изигра и административните работници во здравството, останаа извисени. На 12-ти април граѓаните ќе ги казнат Зоран Заев и Филипче за урнисување на здравствениот систем. На 12 април следува обнова на Република Македонија“.