понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 98
home Вести

Власта фрла милиони за луксузни лимузини за функционерите, а противпожарните единици се со застарени возила од поранешна Југославија

Власта фрла милиони за луксузни лимузини за функционерите, а противпожарните единици се со застарени возила од поранешна Југославија

Денеска Центарот за управување со кризи соопшти дека до 12 часот денеска, во земјава се активни повеќе пожари.

Од почетокот на годината досега се регистрирани над 100 пожари на отворен простор кои се причинети поради несовесен однос на поединици.

Активни пожари моментално се во охридскиот регион се уште е активен пожарот во атарот на село Зајас Џумаа, во општина Македонски Брод каде гори дабова шума, лисна постилка и смрека, пожар кај село Букојчани, пожари во атарите на селата Цапари, Ротино, Змирнево и Драгожани, пожар во атарот на с. Руница – општина Липково.

„Зачестената појава на шумски пожари во последниов период на територијата на целата држава претставува огромен атак на шумскиот фонд со кој стопанисува ЈП Македонски шуми“ – вели директорот на Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев.

Според законот физичките лица кои ќе бидат затекнати да се движат низ шума без соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Македонски шуми“ и од субјектите кои управуваат со заштитените подрачја ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност, имаат информирано Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Но зошто самите надлежни дозволуваат ваква состојба во државата, дали сепак има контроли низ шумите и набљудуваат кој како пали, предизвикува пожар на отворено и ги ставаа во опасност животите на граѓаните, и се нанесува огромна материјална штета.

Дали намерно се молчи додека се причинува пожар од поединци, а власта упорно молчи за тоа што е актуелно деновиве. Се случија пожари од огромни размери низ шумите, а дополнителен проблем е што нема ниту доволно опрема и возила за противпожарни единици.

Противпожарните бригади располагаат со мошне стар возен парк или, со возила од поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Просечната старост на противпожарни возила е 29 години, а најстарото во Скопје е како што го нарекуваат возило за хемиско гасење е старо цели 49 години, или безмалку половина век.

Речиси секојдневно се соочуваме со проблеми, бидејќи навистина возилата се многу стари. Ако денеска смениме едно, утре ќе пукне нешто на друго место. Ако на пример на возилата сме смениле црева, односно хидраулика и тие биле на интервенција на шумски пожар, потоа ќе излезе дека пукнал ладилник. Но не ни се проблем само противпожарните возила, бидејќи ни недостигаат и луѓе. Ние не можеме да го запреме процесот на пензионирање на кадрите што веќе го завршуваат својот работен стаж. Навистина многу ни недостига кадар, поточно ни фалат речиси 200 пожарникари. Според бројот на систематизација или според законот, на секои 1.500 жители во градов би требало да има по еден пожарникар – вели Владимир Симоновски, командант на Противпожарната бригада – Скопје.

Додека градоначалниците и функционерите си купуваат автомобили од 40.000 евра, државата нема пари за возила за противпожарните единици низ државата.

Коронавирус