понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 112
home Вести

Власта фатена во лага: Дали е можно Спасовски да собирал информации за Јанакиески, а да не знаел ништо за Груевски?!

Власта фатена во лага: Дали е можно Спасовски да собирал информации за Јанакиески, а да не знаел ништо за Груевски?!

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски знаеле за движењето на поранешниот премиер Никола Груевски? Ова е прашањето кое на големо се коментира во јавноста, откако беше определен притвор за Миле Јанакиески врз основа на белешка на УБК за наводно бегство кој го спремал Јанакиески.

Во однос на Груевски повеќе од јасно е дека човекот кого со месеци го следат безбедносните служби, за кого одредени медиуми пишуваа и најсочни детали со кого се среќавал, што зборувал на средбите, како зборувал, невозможно е да избега со сопствени сили и без знаење на Заев и Спасовски.

Она на што треба да се стави акцент по заминувањето на Груевски од Република Македонија е политичката заднина и последиците од неа.

Несомнено е дека заминувањето на Никола Груевски ѝ стави црна дамка на политичката и професионална кариера на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, иако на дневна основа Спасовски се обидува да спаси дел од она што останало со префрлање на топката во судот.

-Размислувам во однос на одговорноста на оние на кои им одредуваат притвор на лицата за кои постои опасност да избегаат. Ги пуштаат слободно да се движат низ државата, слободно да ги обавуваат сите работи кои ги обавуваат и на крај кога се носи пресудата тие не се во притвор за да можат да бидат обезбедни, иако се со повеќе кривични дела. Замислете, притвор се одредува за случаи на разбојништво и тешки кражби, а за вакви случаи не се одредува. Полицијата работи исклучиво по наредбите кои ги издава судот и таа без наредба не може да следи кого било и постојано да биде присутна со него, околу него само заради тоа што се води судска постапка против него, рече Спасовски.

Но останува неодговорено прашањето како МВР не знаело за движењето на екс премиерот додека биле употребени посебни мерки за да се следи движењето на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои стои дека тој подготвувал бегство и кои како доказ биле прифатени од судот да определи мерка притвор.

Во истата стои дека обвинетиот Јанакиески преку посредник барал да биде амнестиран од Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, за што веднаш од претседателскиот кабинет беше испратен демант.

 

Кабинет на Иванов: Oстанува нејасно, врз основа на што се следат активностите на претседателот Иванов и неговиот Кабинет од страна на УБК?

Шефот на државата Ѓорге Иванов предупредува од груба манипулација од страна на УБК, откако во медиумите беа објавени извадоци од решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за прифаќањето на предлогот на СЈО, Миле Јанакиески да биде притворен. Поточно судијата на претходна постапка донел таква одлука откако претходно Јанакиески наводно преку посредник не успеал да издејствува амнестија од претседателот, па за Судот тоа било причина да го стават во Шутка.

Од кабинетот на Иванов предупредуваат дека станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки со цел да се инволвира Претседателот на Република Македонија, видливо од јавно објавеното образложение на решението на Судот. Посочувајќи дека ниту била побарана ниту пак остварена средба со каков било посредник за да издејствува амнестија во име на Јанакиески.

Јанакиески тврди дека е во притвор врз база на фингирана белешка од МВР

Денеска пак, на почетокот на рочиштето за “Т.Н.Т” судијата Огнен Ставрев му се обрати на Миле Јанакиески, кој во судот беше спроведен од затворот во Шутка, и изрази жалење зошто морал да одреди притвор за него.

Јанакиески истакна дека е во притвор врз база на фингирана белешка од МВР и додаде “кога не може по магарето, удри по самарот”.

Адвокатот Миланов: Власта е бесна, па им се осветува на останатите обвинети

Да се оди со некакво известување од УБК за наводно нивно подготвување без факти, без дејствија, без аргументи сметам дека е апсурдно и сето ова е начин на освета. А на крајот на краиштата сето ова беше најавено синоќа во изјавата на господинот Оливер Спасовски, што укажува на спрега помеѓу власта и судството“, изјави Еленко Миланов, адвокат на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник“.

Миланов во изјава за Република вели дека по бегството на порашениот премиер Никола Груевски, власта е бесна и им се осветува на останатите обвинети во случаите на СЈО.

-Во моментот кога се објави дека Груевски не е во републиката, мерките за претпазливост кои се почитуваат во целост, се пренебрегнуваат и се носи ваква одлука, вели адвокатот Миланов.

Тој додава дека како втора страна, обвинетите треба да добијат убид во доказите што ги обезбедило обвинитеството од УБК, но не знаат ниту каде ниту како ниту пак кога обвинетите се подготвувале за бегство.

Коронавирус