сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„Власта е на прав пат да ги избрка сите млади од земјата“

„Власта е на прав пат да ги избрка сите млади од земјата“

„Власта е на прав пат да ги избрка сите млади од земјата“-порачуваат од Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивниот статус го пренесуваме во продолжение: 

Додека власта на СДСМ предводена од Зоран Заев предизборно ја замајува јавноста со ветувања за нови работни места, како непобитен демант пристигна поразителната статистика од економскиот магазин „Економист“.

Според „Економист“ Република Македонија е сврстена на самиот врв според стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години! Со енормна стапка на невработеност од 44,7%, Македонија е трета земја во светот, веднаш после Јужна Африка и Босна и Херцеговина.

И токму ова е една од причините зошто младите ја напуштаат Македонија.

Но, она што е најзагрижувачко е фактот што власта во Македонија не прави апсолутно ништо за да го надмине овој горлив проблем, туку напротив, изгледа како да се труди уште повеќе да го отежне останокот на младите луѓе во земјава.

Тоталната негрижа на институциите на власт спрема младите сите ја плаќаме со драматични загуби на најзначајната категорија од населението!
Зошто е тоа така? Затоа што негативен е трендот во речиси сите за нив важни области:
– системот не им се прилагодува, односно образованието не ги оспособува ниту за работа, ниту за живот;
– во лошото образование се уверуваат веднаш откако ќе го завршат и ќе видат дека потребите на пазарот се сосема поинакви;
– распределбата на стипендиите е нетранспарентна;
– немаат поттик за самоиницијатива, за развој на сопствен бизнис;
– станаа социјално најзагрозена категорија од населението;
– западнаа во буџетска немилост;
– станаа жртва на ребалансот…

Резултатите од владините политики секојдневно ги испраќаме во по неколку автобуси за странство! Голем дел заминаа, а уште поголем дел посакуваат да заминат затоа што младите мистериозно исчезнаа од листата на приоритети на оваа расипничка власт.

Крајно време е власта да се свести дека без активно учество на младите не можеме да тргнеме напред во ниту една област: без млади нема вработување, без млади нема ново современо образование, нема наука, нема спорт и на крај, без вработени млади нема ни повисоки пензии, ни полн буџет!

Сè додека корупцијата е најразвиена стопанска гранка, а невработеноста толку распространета, Македонија и понатаму ќе биде во неславното друштво на земји како Намибија, Свазиленд, Газа, Либија, Грција, Јордан и Боцвана и многу зад соседите Србија, Албанија, Црна Гора и Хрватска, кои според податоците во споменатиот „Економист“ котираат многу подобро од нас.

Ваквите поразителни статистики се и повеќе од јасен показател за немилата реалност дека власта е на прав пат да го избрка и последниот млад човек од земјата!

Токму затоа, младите луѓе силата ја црпат од фактот дека 12-ти април и казната за лошата власт е сè поблиску!

Коронавирус