вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 78
home Вести

Власта цензурира пренос во живо од комисијата на која Заев го менува Уставот

Власта цензурира пренос во живо од комисијата на која Заев го менува Уставот

ВМРО-ДПМНЕ бара директен пренос на Комисијата за уставни прашања.

„Во процес сме на уставни измени, бараме да се создадат услови за јавноста да ја следи дебатата преку директен пренос“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери образложи дека е доволно што се присутни медиумите. Потоа по барање на ВМРО-ДПМНЕ седницата беше прекина, со најава дека ќе продолжи за еден час.

Со денешната расправа на Комисија за уставни прашања за четирите нацрт-амандмани, уставните измени влегуваат во втората фаза. Расправата ќе трае во следните 12 дена.