вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 68
home Вести

Владо Јовановски: Кога ќе дојде Мурто на власт, Дудуш да се востоличи во министер за опомени

Владо Јовановски: Кога ќе дојде Мурто на власт, Дудуш да се востоличи во министер за опомени

Актерот Владо Јовановски реагира за судската опомена за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, откако призна дека физички го нападнал Демир Исмаил и изрази каење поради тоа.

Курто е бил и ќе биде!Но, и…
Мурто е бил и ќе биде!
Секоја сличност со господинот Курто Дудуш е случајна.
Јас, пак, предлагам, кога ќе дојде Мурто на власт, Дудуш да се востоличи, за министер за ОПОМЕНИ… (ново министерство), барем толку заслужува нашава демократија, во нашево општество, во нашава др’жава (како ѝ беше името)?

А пак, Игор Дурловски да се запали на клада. (се разбира, ќе му се извиниме пред или по палењето) – коментира на Фејсбук еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.