четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Владо Јовановски излегува од притвор

Владо Јовановски излегува од притвор

Aктерот Владо Јовановски по повеќе од два месеца излегува од притворот во Шутка.

Апелациониот суд ја прифати неговата жалба и одлучи мерката да ја ублажи со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.

Во притвор останува пратеникот Крсто Мукоски, неговата жалба апелационите судии не ја прифатија иако тој се пожали дека сериозно му е нарушено како физичкото така и психичкото здравје.

Пратеникот Љубен Арнаудов, како и организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски и Богдан Илиевски добија преиначување на мерката притвор со домашен притвор и излегоа од затворот во Шуто Оризари.

Коронавирус