вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 174
home Вести

Владините министри во Штип пречекани со транспарентите: „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Каде се ветените инвестиции“

Владините министри во Штип пречекани со транспарентите: „Никогаш Северна, само Македонија“ и  „Каде се ветените инвестиции“

Вечерва во Штип Владата на Република Македонија одржа седница во зградата на општината  додека пред зградата беа пречекани од насобрани граѓани како и членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека траеше вечерашната седница на Владата во Штип пред зградата на општината Штип владините министри беа дочекани со транспаренти преку кои многу граѓани им порачаа „Никогаш Северна, само Македонија“, „Каде се ветените инвестиции“, „Чекајќи да се вратат младите остаревме“.

Граѓаните се жалат и дека градот денеска буквално е блокиран поради седницата на владата во нивниот град.

Коронавирус