петок, 3. април 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Џабир молчи за бомбите кои докажаа дека Заев ја контролира „правдата“ во Македонија

Џабир молчи за бомбите кои докажаа дека Заев ја контролира „правдата“ во Македонија

Таканаречениот активист и новинар Џабир Дерала кој беше прв говорник на неуспешниот марш за правда на СДСМ молчи после најновиот мега-скандал со кој се потврди дека Зоран Заев координирал со работата и на СЈО и на судовите во Македонија.

Ниту на неговиот твитер профил, ниту на неговите медиуми како фронтлајн.мк каде се потпишува како главен уредник, нема никаков коментар од негова страна за снимените материјали кои го шокираа оној дел од јавноста на кого досега не му беше сосема јасно дека Зоран Заев е главата на октоподот, рекетот и криминалното влијание врз правосудството.

Во објавените разговори кои вчера на прес-конференција ги презентираше пратеникот Антонио Милошоски, се слуша како Заев на соговорниците им соопштува дека процесите „ги тераат“ заедно со Катица, дека бил близок со екс-претседателот на Врховниот суд и дека „ако се издоговориме, на тоа (предмети од СЈО, н.з.) многу брзо ќе му стави крај“.

-Трас-трас-готово, вели Заев за начинот на кој може да издејствува прекин на постапки, веројатно со цел да добие гласови од пратеници уценети со помош на правосудството контролирано од Заев.

Сето ова не беше доволно ниту за коментар од „невладиниот“ владин слуга Џабир Дерала, кој една недела пред промовирањето на овој мега-скандал од говорницата на СДСМ на пропаднатиот марш за правдата, како и многупати досега, се стави во улога да глуми невладин активист кој „со објективно око“ ги следи состојбите и политиките на власта.

Коронавирус