недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Владината реконструкција треба да помине во Собранието во почетокот на следната седмица

Владината реконструкција треба да помине во Собранието во почетокот на следната седмица

Владата очекува во почетокот на наредната седмица Собранието да го усвои Предлогот за најавената реконструкција.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа, предлогот за промените во владиниот кабинет премиерот Заев треба да ги достави до крајот на оваа недела. Во меѓувреме, Заев ги продолжува консултациите со партиите од коалицијата.

– Очекуваме во почетокот на наредната недела, зависно од агендата на Парламентот, Предлогот за реконструкција да биде усвоен. Премиерот Заев ќе го достави до Собранието до крајот на оваа недела, рече Хоџа.

Одговорајќи на новинарско прашање дали „бомбите“ на Ел Чека ќе влијаат врз реконструкцијата и изборот на новите министри, Хоџа напомена дека промените се претходно најавени и за тоа јавноста е веќе информирана.

Коронавирус