Владината коалицијата пука по сите шавови. Потпретседателот на СДСМ јавно ја нападна Владата и вицепремиерот за евроинтеграции.
Во дебатната емисија 24 анализа на телевизија 24, Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ пред јавноста и пред неговиот политички опонент, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја нападна Владата на СДСМ и вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.
На прашањето на Мисајловски зошто Зекири не побара оставка од Бујар Османи за неговите неуспеси, Зекири рече дека Османи воопшто не требало да биде министер.
-Ви кажувам јавно дека не требаше тој воопшто да биде министер, а дали си ја врши работата или не покажуваат неговите резултати. Изиграва инспектор Мамли по државата, ви кажувам јавно, ја нападна Зекири Владата на СДСМ.