понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Владина седница

Владина седница

Владата денеска ќе ја одржи 168. редовна седница на која на предлог на Министерство за финансии ќе биде презентирана информацијата за воведување системи и алатки за автоматска контрола на валидност на даночното побарување и повратот на средства, што ја подготви Управата за јавни приходи.

Покрај тоа, министрите во Владата ќе се произнесат за Предлог-одлуката за усогласување и менување на царинската тарифа за 2020 година.

На седницата, според најавите од владината прес-служба, ќе се разгледа и информацијата за Планот за гаранција за млади 2020-2022 година, во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, а ќе се расправа и за Предлог-програма за изменување на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности за 2019 година.

Министерство за надворешни работи за дневниот ред на седницата го предложи Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки.

За оваа седница на Владата, според најавите, е предвидено и усвојувањето на информацијата за потпишување Договор за грант за музички инструменти и опрема за звук и осветлување на Национална опера и балет, како донација на Владата на Јапонија.