сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 92
home Вести

Владина седница денеска напладне

Владина седница денеска напладне

Владата денеска напладне ќе ја одржи редовната 45-та седница.

На предлог на Министерството за надворешни работи на дневниот ред на денешната седница е Информацијата за почеток на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, како и Извештајот за завршени преговори за усогласување на Договорот за техничка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Јапонија.

На денешната 45-та седница, меѓу другото, е и точката Информација за издавање на Писмо без приговор (no objection letter) за вклучување на Република Северна Македонија во предлог Програма за развој на енергетска ефикасност во згради преку Зелениот климатски фонд.

За заклучоците и одлуките од денешната владина седница јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување, информираат од Владата.

Коронавирус