понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 109
home Вести

Владина делегација во работна посета на Франкфурт

Владина делегација во работна посета на Франкфурт

Владина делегација денеска и утре ќе престојува во работна посета на Франкфурт, Германија.

Во делегацијата ќе бидат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски.

Како што соопшти владината прес-служба, денеска се предвидени средби помеѓу претставници од делегацијата на Владата на Република Македонија и професори и еминентни доктори од Универзитетската клиника, Јохан Волфганг Гете. Целта е зацврстување и разгледување на можности за продлабочување на соработката со оваа реномирана здравствена установа.

Во рамки на работната посета утре ќе бидат остварени средби со претставници од Deutsche Bank, како и со раководствата на неколку успешни германски компании