понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Владиките Петар и Агатангел позитивни на коронавирусот – се наоѓаат во болница, еве каква е нивната здравствена состојба

Владиките Петар и Агатангел позитивни на коронавирусот – се наоѓаат во болница, еве каква е нивната здравствена состојба

Откако добиле позитивен тест, Владиката Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекување во Систина. Оваа информација била потврдена за Сител од страна на Владиката Петар кој веќе 20 дена се наоѓа во болница. Тој истакнал дека се чувствува добро, не е на кислородна подршка и го очекувал негативниот тест за да си замине дома.Апелира до верниците за сериозноста на вирусот.

Владиката Петар рекол дека според неговите информации и хоспитализираниот повардарски митрополит Агатангел исто така се наоѓал во добра здравствена состојба.

Од редот на владиците, околу божиќните празници вирусот веќе го прележа владиката Пимен, кој најверојатно се заразил додека беше во Германија пред Нова година. А позитивен на корона беше и новиот поглавар на ИВЗ.

Со оглед на тоа дека вирусот не ги поштеди ниту свештениците, првиот човек на Комисијата за односи со верките заедници Даријан Сотировски, апелира и овие лица што поскоро да бидат опфатени со процесот на имунизација. Потврди дека има позитивни свештеници, но не откри имиња.

Во однос на тоа како ќе се празнуваат Велигден и Рамазан, среде третиот најопасен досега бран на ковид, Сотировски вели дека во овој момент е прерано да се размислува и процени каква ќе биде состојбата со вирусот за две недели. Но без разлика каква и да биде епидемиолошката слика, ќе ги следеле одлуките на Комисијата за заразни болести.

Претходно министерот за здравство Филипче апелираше граѓаните да останат дома за празниците. А пред три дена од Вила Водно апел упати претседателот Пендаровски и поглаварите и претставниците на верките заедници.

Коронавирус