недела, 9. мај 2021. Вести денес: 139
home Вести

Владиката Петар кусо задржан, па пуштен, од финансиска полиција на скопскиот аеродром

Владиката Петар кусо задржан, па пуштен, од финансиска полиција на скопскиот аеродром

Митрополит Преспанско-пелагониски Петар денеска кус период бил задржан на Меѓународниот аеродром Скопје на барање на Финансиската полиција, потврди владиката.

Ниту Финансиската полиција, ниту МВР, ниту САС на МПЦ-ОА, не сакаа да одговорат за причините за кусото задржување на владиката Петар.

Владиката за порталот „Сакам да кажам“ објасни дека кратко време бил задржан на аеродромот поради грешка во процедура, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија, во епархијата каде има синодски надлежности.

-За сите детаљи обратете му се на мојот адвокат. Во моментов влегувам во авион, патувам за Австралија, изјави владиката Петар.

Коронавирус