недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Владев: Закани и притисоци кон јавната администрација и приватниот сектор во Свети Николе пред референдумот за промена на името

Владев: Закани и притисоци кон јавната администрација и приватниот сектор во Свети Николе пред референдумот за промена на името

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе обвинуваат дека притисоците пред референдумот за промена на името се огромни а посебно притисокот се чувствува кај вработените во јавната администрација и локалната самоуправа.

-Директорите на средното, основните училишта и детската градинка во Свети Николе во разговори на само со вработените, отворено им наложувале да излезат и гласаат за претстојниот референдум, отворено заканувајќи им се намалување на бројот на часови и бркање од работа доколку останат дома и не гласаат. Според нашите информации случајот не е изолиран, а обидите за заплашување и уцена на гласачите се случуваат и во другите државни институции, а посебно кај вработените во општина Свети Николе. Под притисок е не само јавната администрација туку и приватниот сектор, односно малите дуќанџии и земјоделците на кои им се закануваат со нарачани инспекции и неисплаќање на земјоделските субвенции. Ова се однесува и за вработените во приватните фирми чии газди откако Зоран Заев јавно повика да ги поткупуваат своите вработени за да излезат на 30-ти септември се врши голем притисок и врз нив, изјави Дејан Владев од ОК Свети Николе.

Тој ги повика надлежните државни институции да ги преземат нивните законски овластувања, како би ги заштитиле вработените од отворениот политички мобинг од страна на директорите.

-За жал овој пример за предизборни нерегуларности не го забележуваат ниту надлежните набљудувачи од ОБСЕ, ОДИХР и не преземаат соодветни мерки овие уцени и заплашувања да ги евидентираат во нивните извештаи. Македонскиот народ е мудар и нема да потклекне на овие уцени и заплашувања. Македонија ќе победи, порача Владев.

Коронавирус