сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 4
home Вести

Владев: Реконструкција на речното корито на Горобинска река во Свети Николе, работиме и на проекти со Светска банка

Владев: Реконструкција на речното корито на Горобинска река во Свети Николе, работиме и на проекти со Светска банка

Она што го ветивме во предизборниот период за време на кампањата на локалните избори, веќе веднаш почнуваме да го реализираме. Денеска го започнуваме проектот реконструкција на речното корито на Горобинска река со која долго време граѓаните на општина Свети Николе имаат големи проблеми како што можете да видете и од самото лице место. Значи се работи за голем потег, оваа е прва фаза, 76 метри од горе до мостот на основното училиште ќе биде извршено комплетно реновирање на овој потег, со армирана подлога, а потоа со ставање на каменска подлога и покрај дното на реката и покрај самото речно корито. Значи ова е само почеток а за втората фаза веќе се предвидени средства од буџетот на општина Свети Николе за 2022 година и планираме до крајот 2022 година да биде комплетно реновирано речното корито. Паралелно со оваа работа планираме да направиме и уште неколку работиме за да биде разубавен животот на граѓаните на општина Свети Николе, рече во изјава за медиумите градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев.

-Значи почнуваме од тука, планираме паралелно со ова да направиме асфалтирање на овој потег позади мене за да овозможиме паркинг места, бесплатни паркинг места нормално. Надолу покрај кејот на речното корито откако ќе биде направено, планираме да го исчистиме потегот покрај речното корито, да направиме една модерна пешачка патека, тоа се работи во самиот потег на градскиот парк во општина Свети Николе, значи пешачка патека со клупи, со канделабри и на крајот каде што е сега остатоци од детско катче, детско игралиште планираме да направиме едно модерно детско игралиште каде што родителите и децата ќе може да уживаат во нивното слободно време. За детското игралиште можеме да кажеме дека веќе се обезбедени средства од донаторите предводени од генерал Хаџи Јанев. Утре од 9 часот во општина Штип имаме средба во која ќе го официјализираме овој дел односно донацијата меѓу 10 и 15 илјади евра од страна на овие донатори на чие чело е генерал Хаџи Јанев. Паралелно со ова продолжуваме и со другите работи. Претходно веќе кажавме дека потегот од неколкуте улици од Рудина и Бел камен заедно со изведувачот со кој што направивме веќе договор до нова година треба да биде комплетно тампониран и да се стават ивичници за да може во зимскиот период граѓаните кои што живеат во тој потег да не газат во кал како што пред да дојдеме на власт во општина Свети Николе. Затекнавме хаос таму, значи доста луѓе, зборуваме за 50-60 семејства приклучени на канализационата мрежа, истакна Владев.

Како што рече Владев, овој период претходно го искористивме да ги поврземе луѓето со канализационата мрежа за да не правиме дупли трошоци како што беше претходно, значи ги поврзуваме, дали останаа уште неколку семејства кои што останаа неповрзани со канализационата мрежа, верувам дека во текот на наредната недела доколку послужат временските услови да ги врземе на канализационата мрежа за да може изведувачот да ја заврши својата работа како што беше договорено. Наидовме на проблеми и кај граѓаните, не беше извршена добра експропријација, нема потези, не беа направени како што треба но еве веќе тргна работата и верувам дека до нова година тоа ќе биде завршено. Понатаму можам да кажам дека граѓаните кои што живеат на улица Живко Чинго која што беше хаос, со неповрзана канализација, неповрзана со атмосферска канализација, со ровови, дупки, вода, не знам една година како работеле, значи денеска, во петокот беше завршена комплетно значи врзување и атмосферска и канализациона мрежа, утре имаме закажано примопредавање со надзорот и веднаш потоа да можеме да го истампонираме потегот за овој период од годината за да не газат во кал.

-Продолжуваме да ги тераме и другите работи кои што ги наследивме од претходно но и нови проекти. Можам да кажам дека чекаме до 15ти од Светска Банка, претходниот градоначалник и локална власт имаа 40 милиони денари од Светска Банка заем за правење на улици и асфалтирање на улици, беа потрошени само 20 милиони. Затоа, стапивме во контакт со Светска Банка и веќе во петок на совет ќе се донесе одлука за да може да се до искористат овие 20 милиони за изградба на неколку улици на потегот Горобински и Сопотски пат, се работи за нови работи кои веќе петта година немаат ниту атмосферска канализација ниту асфалт. Затоа зборувам дека после петтата година тие имаат можност да ја тужат општината бидејќи општината мора да им ги овозможи тие услови. Се надеваме до 15ти да биде сето тоа завршено и веднаш со истиот изведувач кој што го работи потегот на Бел Камен и Рудина под истите услови, под истите цени веднаш да почне со работа. Градинката во Ерџелија веруваме дека почетокот на 2022 ќе почне со изградба, веќе имаме известување од министерството за Труд и Социјална политика, истото се однесува и за адаптација на просторот на основното училиште Гоце Делчево селото Горовинци за адаптација за изградба на градинка. Со балон салата во село Ерџелија ќе започнеме 2022 година, веќе е започната процедурата за распишување на тендер за балон сала и веруваме еве очекуваме вчера имаше конститутивна седница на вардарски плански регион и може со задоволство да кажам дека за општина Свети Николе е предвидено донесување на ново противпожарно возило и одобрување на проектот на поврзување со асфалт на потегот на село Кнеже – село Ѓузумелци во општина Лозово, потенцираше тој.

Работиме и на други проекти, можам да кажам дека во 2022 мора да се започне со асфалтирање барем по една улица во селските средини таму каде што има канализациона мрежа, зборуваме барем за поголемите села. Поради искористување на заемот од Светска Банка веќе ни имаат одобрено 5,7 милиони денари за изградба на водовод во село Орел итн. Ќе работиме, се трудиме да биде се што ветивме во изборната програма да го реализираме во нашиот мандат, додаде Владев.

Коронавирус